Хумана и одговорна: Стопанска банка се приклучи кон „Дрвото на среќата“

По повод одбележувањето на меѓународниот ден на детето Стопанска банка беше дел од DMWC Меѓународниот базар и ја поддржа детската работилница „Дрво на среќата“. Кажете ни нешто повеќе за оваа работилница и што беше вашата задача?

Имајќи го во предвид хуманиот аспект на базарот кој секоја година се организира на Меѓународниот ден за заштита на детето, Стопанска банка АД – Скопје без двоумење прифати да учествува во проектот под организација на „Добредојде“ – Macedonia Welcome Center. Банката во својата богата историја секогаш посебно внимание посветува на децата како инвестиција во иднината на нашето општество.
Проектот „Дрво на среќата“ како уметничка работилница ни беше презентиран како најинтересен аспект од Базарот и нешто што одговара на нашите заложби и во развојот на уметноста во Македонија, но и во грижата за децата со посебни потреби. Од Банката беше побарано да обезбеди услови за реализација на работилницата, но и простор за изложување на уметничкото дело во деловните простории. На тој начин добиваат и децата можност да се изразат но и Банката добива едно топло и уникатно уметничко дело кое видно ќе биде изложено пред клиентите и вработените и секојдневно ќе инспирира поголема хуманитарна инволвираност на сите нас.

IMG_0508

Какви беа реакциите на дечињата, дали им се допаднаа активностите?

Инспирацијата и имагинацијата која ја имаат најмладите е безгранична. Искуството беше вистинско потсетување на тоа како чисто и отворено размислуваат децата и како треба возрасните во одредени ситуации да ги отстранат сите предрасуди и стереотипи и да го користат својот скриен креативен потенцијал.
Секако, најголемо задоволство беа насмевките на лицата на децата кои учествуваа во работилницата, но и љубопитните погледи на децата кои поминуваа и откриваа што прават нивните сограѓани и врсници. Веруваме дека и учесниците и децата кои набљудуваа имаат голема корист од вакви работилници и несекојдневни форми на ангажман, но дека секако се задоволни од проектот и активностите и со нетрпение веќе го очекуваат следниот Базар.

 Вашите хуманитарни активности тука не запираат, како општествено одговорна компанија се приклучивте и кон помошта за настраданите градови од неодамнешните поплави во Србија и Босна и Херцеговина. Во што се состоеше вашата помош?

Банката соработува со најголем дел од населението во Македонија и инспирирана од масовната ангажираност на граѓаните во собирање на хуманитарна помош за настраданите жители на Србија и Босна и Херцеговина одлучи да се приклучи во проектот со донација на тоа што според Црвениот крст беше најнеопходно – опрема за бебиња. Па така, Банката преку пунктовите на Црвениот крст на Македонија испрати помош во форма на пелени, средства за лична хигиена, креми и слично. Како најранлива категорија бебињата во елементарни непогоди како оваа се најзасегнати и добредојдена им е помош во секоја форма. Се надеваме дека Банката придонесе кон подобрување на условите за живот на семејствата погодени од поплавите и посакува што поскоро да бидат отстранети и заборавени штетите кои беа предизвикани и децата да можат да продолжат со нормален живот и развој како што заслужуваат.

IMG_0527

Да погледнеме што имаа да кажат на оваа тема и DMWC 
По четврти пат DMWC е организатор на Меѓународниот базар, раскажете ни какви сé активности беа предвидени и какви се вашите впечатоци од соработката со Стопанска банка АД – Скопје?

„Добредојде“ – Macedonia Welcome Center како дел од својата мисија и визија, активно работи на полето на хуманоста и се обидува да ја подигне јавната свест за децата, како и за ранливите групи во општеството. Базарот е единствениот настан во Македонија со кој се одбележува 1 јуни Меѓународниот ден за заштита на детето.
Секоја година на денот на организирање на добротворниот базар се случуваат повеќе активности, и тоа :
* Амбасадите продаваат и промовираат производи од нивните држави
* Изведби на уметнички точки од дечиња од повеќе меѓународни и домашни училишта
* Уметничка работилница со Жанета Гелевска – Велјаноска – Дрво на среќата
* Лотарија за посетителите
Во текот на настанот децата со посебни потреби од основното училиште „Златан Сремац“, Скопје заедно со деца од повеќе скопски меѓународни училишта беа дел од ликовно креативна работилница “Дрво на среќата”. Под водство на академскиот сликар Жанета Гелевска – Велјаноска децата беа поделени на четири групи, сликаа на четири платна и пред затворање на базарот ги споија платната во една слика “Дрво на среќата”.Оваа година благодарение на Стопанска банка ни беше овозможено ова интерактивно творење на децата со посебни потреби и децата од меѓународните училишта, а сликата останува да сведочи на креативноста на овие ранливи категории на деца кои имаат потенцијал да творат, работат, а нас возрасните да не потсетуваат колку е голема и важна улогата на децата во општеството.
Ме радува што Стопанска банка покажа голема општествена одговорност и преопозна еден настан за поддршка на маргинализираната и ранлива категорија на деца со посебни потреби. Сликата е веќе поставена во просториите на Банката и сведочи за творечкиот капацитет на овие деца и можност сите да растат под едно дрво – Заедно посреќни.

IMG_0545

Средствата собрани од овој хуманитарен базар за кого се наменети?

Средствата од Меѓународниот добротворен базар 2014 се наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“ Скопје во реновирање на просторија предвидена како забавно креативно катче. Минатата година средствата беа донирани во Центарот за даунов синдром, а Базарот од 2012 година беше посветен на Посебното основно училиште „Иднина“ Скопје.

 Колкав интерес предизвика настанот кај компаниите?

На наше големо задоволство секоја година се зголемува бројот на компаниите каде корпоративната одговорност е дел од политиката на работење и истите на различен начин се вклучуваат во одбележувањето на 1 јуни – Меѓународниот ден за заштита на детето. Всушност Базарот е уникатен настан во Македонија каде заедно во добротворна мисија се вклучуваат невладиниот сектор, бизнис-заедницата, амбасадите и конзуларните преставништва кај нас, а за прв пат и Градот Скопје се вклучи како покровител на настанот.

IMG_0553

- Реклама -