Георге Галамаз, дефанзивецот на Стеауа Букурешт, беше нападнат на теренот, од хулиган под дејство на наркотични средства. Во миговите кога играчите на Стеауа се подготвувале да изведат пенал, хулиганот му притрчал од зад грб и, според полицискиот извештај, го удрил со тврд предмет по главата. Од нападот Галамаз заработи скршеница на јаболчницата и привремено губење на слухот.
Откако нападот беше забележан од соиграчите на Галамаз, тие се впуштија во потера по престапникот и започнаа одмазднички да го тепаат, но набргу интервенираше обезбедувањето, а сторителот на делото бил приведен. Одмаздниците заработиле црвени картони, додека Галамаз ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку 6 недели.
{youtube}do5d1VwwvEQ{/youtube}