Хуитфелд: НАТО нема да дозволи Русија да одлучува дали и кога Украина може да стане членка

НАТО нема да дозволи Русија да одлучува кога Украина може да стане членка на Алијансата, изјави шефицата на норвешката дипломатија – Аникен Хуитфелд, пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Осло.

Украина и сојузниците во НАТО ќе одлучат кога Украина ќе стане членка на НАТО, не е на Москва да одлучува, истакна Хуитфелд.

Северноатлантската алијанса не го прифати барањето на Украина да стане членка по забрзана процедура, бидејќи западните влади, првенствено САД и Германија, се внимателни бидејќи тоа би можело да го приближи НАТО до војна со Русија.

Киев и некои од неговите најблиски сојузници во Источна Европа сакаат на Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11-12 јули во Вилнус, Литванија, конкретни чекори за приближување на Украина до членството.

Прочитајте и:  Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија, но додаде дека ситуацијата ќе биде поинаква кога конфликтот ќе заврши.

Русија силно се спротивставува на членството на Украина во НАТО.

Извор: МИА

- Реклама -