Кога е се спомене дуел меѓу Хрватска и Франција веднаш се помислува на оној од 1998 година, полуфинале на Светското првенство на кое домаќини беа токму Французите.
Хрватска тогаш имаше исклучително квалитетна репрезентација, Шукер, Бобан, Просинечки, Јарни, Асановиќ, Билиќ… имаа импресивен настап на Мундијалот но сонот за финале го сруши домаќинот и тоа со пресврт.