Седумгодишниот велешанец наизуст ги знае сите 45 претседатели на САД, обожава астрономија и сака да работи во НАСА
Христијан Арсов има седум години, учи во трето одделение во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, има развиена логика нетипична за своите врсници, коефициент на интелигенција 145! Буквите и бројките кои за неговите врсници знаат да бидат проблем, за него се „веќе видена работа“. Лани тој беше прваче само еден месец, кога педагошката служба во училиштето утврди дека местото му е во погорните одделенија.
Екипата на Факултети.мк дозна за ова дете жедно за знаење при посетата на неговото училиште во Велес, а како дел од серијалот посветен на овој град. Психологот на училиштето, Соња Ристовска, со радост ни раскажа за него, за неговиот развој и за предизвиците пред кои се исправени Христијан, неговите родители и наставниците.
Христијан не е од оние деца што ги интересира само една работа. Математиката ја сака најмногу, ја сака астрономијата, природните науки.
Почнал да чита на нецели две години. Денес веќе множи двоцифрен со троцифрен број без да запишува.
Христијан сака да се дружи, им помага на другарчињата кога нешто не им е јасно во учењето. Вели дека му е досадно кога на час учат работи што тој веќе ги знае.
– На македонски сега ми е многу досадно оти мора да ги слушам како читаат бавно. Наставничката ми дава да препишувам текстови на латиница додека тие учат некоја нова буква. Многу сум среќен кога правиме експерименти по природни науки. Некогаш правиме жапчиња од хартија, правиме отпечатоци на чевлите, па ги фарбаме, гледаме презентации, а понекогаш и јас правам презентации. Сега се подготвувам за општински натпревар по природни науки за петто одделение. Учам математика и со петтоодделенците и со нив ми е поинтересно – вели малиот Кико.
Целиот тект прочитајте го тука