Храна добра за мозокот

ХранаКако и сите органи, така и мозокот постојано има потреба од храна. Но, не сите видови храна се подеднакво добри за најважниот орган. Следува листа од оние видови храна што најмногу го хранат мозокот.

Како и сите органи, така и мозокот постојано има потреба од храна. Но, не сите видови храна се подеднакво добри за најважниот орган. Следува листа од оние видови храна што најмногу го хранат мозокот.

Храна1. Капини

Како што старееме, учењето ни станува потешко. Ова се должи на фактот што мозочните клетки мора да комуницираат меѓусебно за да процесуираат нови информации, а како што поминуваат годините, каналите за комуникација меѓу нив се воспалуваат и тие сѐ потешко споделуваат информации. Капините обезбедуваат моќни антиоксиданси што ја подобруваат оваа состојба.

2. Кафе

Ако размислувате да намалите со кафето, можеби треба да размислите повторно. Една скорешна студија во Финска, откри дека луѓето на 40 и 50 годишна возраст што пиеле од 3 до 5 кафиња во текот на денот го намалиле ризикот од Алцхајмеровата болест за 65%, за разлика од оние што пиеле две или помалку. Клучни за ова се кофеинот и антиоксидансите што се содржат во него.

3. Јаболка

Ако немате навика да јадете јаболка, време е да започнете со конзумирање барем едно дневно. Јаболката ги штитат мозочните клетки, особено периферијата не невроните што секогаш претрпува напади. Важно е јаболкото да го јадете со лушпата, затоа што таму се содржат најмногу од антиоксидансите.

4. Чоколадо

Веројатно знаевте дека чоколадото може да го намали крвниот притисок. Но, сега имате уште една добра причина да јадете чоколадо. Конзумацијата на триесетина грама чоколадо дневно го спречува стареењето на мозокот, поради хранливите материи што се содржат во какаото.

5. Цимет

Во циметот се содржат две состојки (проантоцијанидин и цинамалдехид) кои помагаат во деактивирањето на протеините што предизвикуваат изумирање на мозочните клетки. Иако студијата што се занимава со оваа тема сѐ уште е во почетните фази, нема да ви наштети да попрскате малку цимет во кафето.

6. Спанаќ

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Спанаќот содржи фолна киселина и витамини Е и К. Една студија покажа дека половина чашка спанаќ содржи третина од фолната киселина и петпати повеќе витамин К од дневните потреби на човечкиот организам. Конзумирајте го со маслиново масло, затоа што корисните маснотии во ова масло помагаат во активирањето на витамините Е и К.

7. Маслиново масло

Маслиновото масло помага во деактивирањето на протеините што предизвикуваат прекин на комуникацијата помеѓу невроните (потоа губење на меморијата и на крајот Алцхајмерова болест). Користете го колку што можете почесто.

8. Лосос

Оваа риба не само што е одлична за срцето, туку е добра и за мозокот. Лососот е најдобар извор на ДХА, најважната омега-3 маст во мозокот. Исто така, таа е еден од најдобрите извори за витаминот Д, кој е најредок во природата.

9. Кари

Куркумата, еден од братучедите на ѓумбирот, е главната состојка во карито. Тој го спречува развојот на Алцхајмеровата болест на повеќе начини, меѓу кои најважно е снижувањето на холестеролот што ги затнува артериите што носат крв во мозокот. Ова ќе ве заштити и од мозочни удари.

10. Сок од грозје

Истражувачите секогаш велат дека она што е добро за срцето е добро и за мозокот. Виното и сокот од грозје се меѓу овие нешта. Во една студија во која на половина од испитаниците (кои веќе започнале да ја губат меморијата) им бил даван сок од грозје, додека на другата половина плацебо пијалак. На крајот бил донесен заклучок дека имало подобрување само кај оние што пиеле сок од грозје.

- Реклама -