HP и Google го претставија Chromebook 11

Google го претстави новиот модел од линијата преносни компјутери со Chrome OS. Chromebook 11 е дело на HP и веќе е лансиран на пазарот на цена од £ 229.

Google го претстави моделот како идеален за секојдневни потреби од типот на слушање на музика, креирање на документи во Google Docs или дури уредување на видео. Новиот Chromebook има 6-часовен живот на батеријата и тежина малку над еден килограм, што го прави исклучително портабилен и компактен. Компјутерот се стартира само за неколку секунди и се ажурира автоматски. Има и добра заштита од вируси.

Новите дигитално поднесени звучници ветуваат чист и силен звук при видео повици, а големата резолуција на екранот гарантира квалитетна слика. Секој сопственик на Chromebook 11, исто така , добива 100GB слободен капацитет во Google Drive и бесплатен пристап до многу апликации од Chrome Web Store .

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси

Уредот има 11,6 – инчен дисплеј и куќиште тенко само 18 милиметри. Освен тоа вреди да се спомене и автоматската синхронизација на документи, папки и апликации меѓу сите ваши уреди – телефони , таблети и дури стари компјутери.

Дизајнот на компјутерот , исто така , е создаден со цел максимални погодности и ергономија. Аглите на тастатура се направени така што да ви е удобно на зглобовите , а самата тастатура е адаптирана кон која било големина на раце, за да биде пишувањето лесно и природно .

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -