Хотел-замок од песок

sand_hotel_intro.jpg На една плажа во Англија е направен првиот хотел од песок во светот кој
на своите гости им нуди можност да го поминат својот одмор во свој
сопствен гигантски замок од песок.


На една плажа во Англија е направен првиот хотел од песок во светот кој на своите гости им нуди можност да го поминат својот одмор во свој сопствен гигантски замок од песок.

 

0616225100.jpg
0616226100.jpg
21782_3_468.jpg

Направен на Weymouth плажата во Дорсет,Англија и со големина од 15 метри и висок 4 метри, при што беа потребни 1.000 тони песок и осум дена напорна работа овој досега најголем песочен замок се претвори во првиот ваков хотел во светот.

 
Скулпторот Mark Anderson кој е креаторот на овој хотел бил на околу 200 плажи во светот во потрага по најдобриот материјал за правење на овој необичен хотел-замок за на крајот да го најде во Дорсет,Англија. Во овој хотел креветите,перниците како и се останато,се направени од песок,гостите можат да уживаат во ѕвезденото небо навечер бидејќи нивните соби се без покрив.

За оние што сакаат да резервираат престој ќе треба да побрзаат зошто тоа ќе им биде достапно се до првиот дожд кој ќе значи крај на овој гигантски замок од песок.

 
{youtube}iOEGdYthS8k{/youtube}

- Реклама -