Оваа година се навршуваат 25 години од создавањето на првиот леден хотел во Шведска.
Секоја година во градот Јокасерви уметниците и архитектите работат заедно за да дизајнираат и изградат неверојатни хотелски апартмани, направени во целост од мраз.
Секој од нив може да се пофали со уникатни декоративни мотиви, а најдобриот дел е тоа што посетителите можат всушност да преноќат во нив.
Гостите секогаш се добредојдени, а мотото на ледениот хотел гласи: „Не е важно колку ладно станува надвор, внатре никогаш нема да биде помалку од -7 степени”.
Пред да си легнете, задолжително треба да се облечете во најзимската облека, да стави капа врз ушите и да се замотате добро во вреќа за спиење, советуваат експертите. Потоа можете да се релаксирате на креветот од мраз , покриен со дебел душек и еленски кожи.