Хороскопските знаци на море

Сите знаеме колку многу се разликуваат знаците еден од друг, а замислете што се случува доколку ги собереме на едно место, на кое што треба да направат нешто заедно.

Откривме за вас една забавна ситуација во која ќе дознаете што се случува кога секој хороскопски знак ќе тргне на патување на море.

По патот:

Овнот се нервира зашто возилото не оди побрзо, а Девицата се лути поради трошките што ги направила Скорпијата кој кришум го изела сендвичот. Стрелецот ги става очилата за сонце, ги соблекува апостолките и ги става нозете на седиштето пред него. Тоа го лути Ракот кој дури започнува да плаче. Близнаците веќе сменија неколку статуси на Фејсбук: „Тргнавмееее“, „Пристигнавмеее“.  Ракот плаче, Овнот се нервира. Вагата внимава да не се извалка и љубезно го замолува Бикот да стои далеку од нив со чоколадото и сокот, бидејќи може да им ја извалка облеката. Лавот им мавта на сите кои гледаат низ прозорецот бидејќи е убеден дека сите го набљудуваат токму него. Јарецот ги брои парите и пресметува колку во просек ќе може да троши на ден. Водолијата ја тестира маската за нуркање, а Рибите го преспиват целиот пат.

Пристигнување:

Близнаците не чекаат да напишат нов статус. Водолијата веднаш го лајкува статусот. Овнот веќе е во морето. Скорпијата влегува директно во бањата, каде што поминува извесно време, што ја тера Вагата да тропа на вратата, бидејќи сака да си ја поправи фризурата. Девицата доживува нервен слом, бидејќи во станот е целосен хаос и никој не е заинтересиран за тоа. Стрелецот заминува на прошетка низ местото, Бикот бара риба на скара, а Ракот прави супа за сите. Јарецот уште еднаш ги пребројува парите и се пазари со сопственикот на станот. Лавот е на терасата и ги гледа минувачите. Рибата конечно се буди и расудува за смислата на животот.

На плажа:

Близнаците објавуваат нов статус на социјалните мрежи, придружен со слики. На една од нив Девицата не се гледа добро, но сепак одлично може да се види кремот за сончање со фактор 50. Се гледа и Ракот кој е обвиткан со пешкир на цртани ликови. Вагата го покажува скапиот костим. Лавот покажува совршена фигура, а Рибите не се гледаат од големиот фото апарат кој го држат. Скорпијата го свртела грбот и забранила да ја тагнуваат на фотографии на Фејсбук. Водолијата се фотографира со опрема за нуркање, Јарецот ги  вади трите книги од чантата додека Бикот веќе ужива во романот . Овнот го нема на фотографиите, бидејќи веќе испливал 200 метри.

Ноќен живот:

Близнаците твитаат, но овој пат без слика, бидејќи сите се црвени како рак, со исклучок на Девицата . Бикот распалува скара, а лавот тврди дека тој знае подобро како функционира. Стрелецот ги поканува сите соседи на забавата, а на Скорпијата тоа не и се допаѓа и се повлекува настрана. Ракот им става плодови во чиниите на гостите. Вагата се дотерува и ја тера рибата да ја фотографира во сите пози. Водолијата им нуди утре на сите да одат на курсеви по нуркање или на риболов, но Јарецот пресметува на таблетот дали тоа би било профитабилно. Овнот повторно го нема – заминал на ноќно капење.

- Реклама -