Холокаустот се случи поради сифилис?

hitler300307_Психијатрите тврдат дека кратка средба со проститука од еврејско потекло е можеби една од причините за геноцидалниот Холокауст за време на Втората светска војна.


hitler300307_228x310Психијатрите тврдат дека кратка средба со проститука од еврејско потекло е можеби една од причините за геноцидалниот Холокауст за време на Втората светска војна.

Тие веруваат дека тој најверојатно се заразил со сексуално преносливата болест наречена сифилис, која ако не се лекува, може да доведе до лудило.

Д-р Хабеб вели дека постојат шпекулации и докази од дневниците на неговиот личен доктор – Тео Морел, дека Хитлер имал сифилис.

Хитлер имал секс со проститутка од еврејско потекло во 1908 во Виена, и по ова го вметнал сифилисот во својата политичка агенда, посветувајќи и 13 страници на болеста во неговата книга Mein Kampf.

„Борбата со сифилисот – еврејската болест – треба да биде задача на целата германска нација“ – пишува Хитлер.

Хитлер имал бизарно верување дека болеста потекнува и е пропагирана од евреите, а резултира со лудило и ретардација, што е можеби и причина за елиминацијата на евреите и ментално ретардираните.

Добро документираните аспекти од неговото однесување и здравје, како менување на карактерот, параноични испади, возбуди и стомачни проблеми се типични симптоми на сифилисот.

Д-р Морел во своите дневници опишува и друга фаза на однесување како „криминално однесување, параноја и манија“, што всушност се карактеристики на една од напредните фази – неуро-сифилис.

Пред да биде откриен антибиотски третман, сифилисот бил неизлечив и можел да предизвика лудило во подоцнежните фази.

Некои историчари дури тврдат дека Хитлер бил отпуштен од војска поради неговата рана фаза на сифилис.

Сепак, многу е тешко да се каже со точност што е причината, без некаков конечен доказ.

[Did Hitler unleash the Holocaust because a Jewish prostitute gave him syphilis?]

- Реклама -