Ако не сте слушнале за Хатсуне Мику досега, најверојатно не сте од Јапонија. Хатсуне е продукт на дигиталната технологија, виртуелна поп ѕвезда која настапува во живо на концерти во Јапонија, во форма на динамичен 3Д холограм. Холограмот е придружуван од бенд и ги полни концертните сали со рекордна продажба на карти.

Не верувавме дека годинава ќе видиме холограм со настап во живо и илјадници обожаватели во позадина кои играат со флуоресцентни стапчиња. Како од научно-фантастичен филм, иднината која ја гледавме на големите платна стана сегашност, благодарение на јапонската компанија Crypton Future Media и софтверот Vocaloid од Yamaha.
Популарноста на Хатсуне е воедно и порака до сите каприциозни поп/рок ѕвезди кои наскоро би можеле да бидат заменети 🙂
{youtube}DTXO7KGHtjI{/youtube}