Home УмниБус Разно... Холивудски ѕвезди кои донираа средства во поплавените балкански земји

Холивудски ѕвезди кои донираа средства во поплавените балкански земји

0

Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Кетрин Зета-Џонс и Пирс Броснан, за неполни два часа собрале 90.000 долари за помош на настраданите од поплавите во мај во Србија и БиХ.

Хуманитарната акција за собирање помош за балканските земји, кои настрадаа од природната катастрофа, била организирана од српската хуманитарна организација „Унитас фонд“ кон крајот на минатиот месец.

Иницијатори на акцијата во Холивуд беа режисерот Гага Антониевиќ, неговата сопруга Кристина Есел, како и претседателката на јужнокалифорниското здружение на лидерите во филантропија, продуцентката Анџелика Влаисавлевиќ и бизнисменот Мо Стојновиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here