Холивуд снима филм за Аркан и Цеца: Еве кој ќе глуми во него

Холивуд наскоро ќе започне со снимање на филмот „Тигров скок“ за животот на контроверзниот командант на Српската доброволна гарда, Аркан. Како глумци во филмот ќе се појават Роберт де Ниро и латиноамериканската убавица Ева Мендез.

Филмот се снима по книгата „Аркан“ од Владимир Ѓорѓевиќ во соработка со американската продукција Cinema Cafe.

447816_ceca-foto-ap-darko-vojinovic_orig

Овој филм е инспириран од животот на Аркан, но во филмот се прикажуваат криминалните активности и работите кои се случувале во мафијата.

Роберт де Ниро ќе ја игра улогата на тогашниот претседател Слободан Милошевиќ, а сопругата на Аркан, Цеца Ражнатовиќ ја глуми славната Ева Мендез.

Снимањето на филмот започнува во февруари 2016 година и ќе се снима во неколку држави: Србија, Шведска, Црна Гора и Америка.

Прочитајте и:  Меѓународен филмски фестивал на отворено- „WatchOut“

Буџетот за филмот изнесува 7.5 милиони долари, и ќе биде модерен филм со посебни специјални ефекти.

- Реклама -