Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјава дека Украинците се Руси

Дипломатот Рон ван Дартел, кој беше назначен пред помалку од три недели да го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка поради неодамнешната изјава дека Украинците се Руси.

Ван Дартел, поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што ги дал на авторот на една нова книга.

– Украинците исто така се Руси. Тоа не смееме да го заборавиме. Тоа е реалност, изјавил холандскиот дипломат за РТЛ.

Холандското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја прифатило неговата оставка.

Министерството соопшти дека изјавата на дипломатот била дадена пред неговото назначување претходно овој месец, но била објавена дури откако тој ја презел функцијата.

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина

Ван Дартел „сфати дека повеќе не може да функционира веродостојно со дадените изјави и затоа реши веднаш да поднесе оставка“, соопшти холандското МНР.

МИА

- Реклама -