Холандската фудбалска асоцијација (KNVB) му ја одзеде лиценцата на Витесе од Арнем да се натпреварува следната сезона, откако клубот не можеше да најде доволно финансиски средства.
Минатата сезона, Витесе беше казнет со 18 одземени бодови поради прекршување на условите за лиценцирање и поради тоа го загуби прволигашкиот статус по 35 последователни години во друштвото на најдобрите, а сега му е ускратена можноста да се натпреварува во втората лига.
Според холандските медиуми, долгот на Витесе е околу 19 милиони евра, а клубот нема никаков одржлив финансиски план за во иднина.