Хокенхол: Русија преминува на „стратегија на исцрпување“, има доволно артилериска муниција да бомбардира со недели

Лондон, 18 март 2022 (МИА) – Русија преминува на „стратегија на исцрпување“ откако не ги постигна своите цели со инвазијата врз Украина, оцени денеска шефот на британската разузнавачка служба за одбрана Џејмс Хокенхол.

Генерал-полковник Хокенхол наведе дека руските сили го смениле пристапот бидејќи не успеале да ги заземат големи украински градови за време на тринеделната инвазија.

Тој додаде дека битката за исцрпување ќе вклучува и непромислена и неселективна употреба на огнена моќ, што ќе резултира со зголемување на цивилните жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза.

Според западните власти, руските сили имаат доволно артилериска муниција за бомбардирање со недели, па дури и подолго.

Прочитајте и:  Кина по зеленото светло за Украина за напади во Русија: Најитно е да се поттикне деескалација што е можно побрзо
- Реклама -