По три годишен развоен процес компанијата MB&F го претставила својот најнов модел на часовник HM4 Thunderbolt. Интересниот дизајн на овој часовник е инспириран од воениот авион A-10.
Оваа комплексна машина на навивање има две лица: едно кое го покажува времето и едно кое го покажува нивото на преостаната енергија. За создавање на титаниумското куќиште со сафири се потребни над 200 часови работа за да биде постигнат посакуваниот аеродинамичен изглед. Двете пружини на часовникот му овозможуваат 72 часа непрекинато работење. Внатрешниот механизам составен од над 300 делови е видлив низ сафирите поставени на горната и долната страна. Овој луксузен часовник може да биде ваш за 158.000 долари.