Норвешкиот нискотарифен авиопревозник Norwegian Airlines ги освои симпатиите со шеговитата рекламна кампања на сметка на Бред Пит.
Два дена по веста за претстојниот развод со Анџелина Џоли, компанијата објави реклами во британските и норвешките весници со натпис: „Бред Пит е сингл“. Под слоганот стои понуда за евтини директни летови од Европа до Лос Анџелес – билет во еден правец од Лондон со сите вклучени такси излегува 169 фунти, а од Осло – 1199 круни (помалку од 130 евра).
Norwegian Airlines соработува со маркетинг агенцијата M&C Saatchi, која не по прв пат покажува интересен пристап во рекламирањето на авиопревозникот.
Пред некое време, агенцијата го искористи норвешкото знаме како основа за “мозаик” од различни дестинации до кои летаат Norwegian – така, од трите бои на знамето беа формирани знамињата на Франција, Полска, Финска, Холандија и Тајланд.
Летовите од Копенхаген до Лас Вегас пак, беа рекламирани на Instagram со серија емоџи.