Католици, атеисти, пушачи, вештачки оплодени, металци, љубители на хороскоп и паднати ангели – сите заедно се журкаат во коментарите на прирачникот што извесен хрватски католички свештеник по име Јосип Радиќ го објави на друштвените мрежи.
Радиќ, кој тврди дека малкумина знаат правилно да се исповедаат, во прирачникот набројува низа прашања што еден грешник треба да си ги постави пред исповед, притоа водејќи се од основниот принцип – да му ги соопшти сите (до еден) свои гревови на свештеникот, за да може, како што објаснува Радиќ, крвта Христова сите до еден да ги испере.
Па така, Радиќ го интересира, меѓу другото, и дали сте отворени кон масони, дали практикувате јога, слушате „сатанистичка музика“, читате хороскоп, разговарате со паднати ангели или можеби сте по анархијата.
Го интересира и дали сте им се налутиле на родителите, дали пушите, дали сте вештачки оплодени (или се обидувате), колку кондоми трошите, дали „се допирате“ и дали со тесна или непристојна облека сте „натерале некого на грев“.
И ако одговорот на било кое од овие прашања е „ДА“, Радиќ сака да знае и „колку пати?“.
Се разбира, истиве овие нешта ќе сака да ги чуе и свештеникот пред кого ќе се исповедате. Па ете, сега ќе знаете како да се подготвите:
Ако ви е до забава, топло ви препорачуваме да читате коментари: