Целиот негов текст има повеќе од 10.000 знаци, а во него напишал како дознал дека сопругата го изневерува и дека потоа изнајмил приватен детектив да ја следи, а патем дознал дека веројатно и брат му е измамен од својата сопруга.
Оженетиот маж минатиов викенд ја запали социјалната мрежа „Редит“ откако во реално време ги објавуваше сознанијата за измамата на сопругата.
Три дена пишуваше за сите настани, најпрво претставувајќи се себе си и сопругата Џени.
Весникот „Хагингтон“ објави текст со најинтересните делови под наслов „Маж во живо го пренесува неверството на својата сопруга и ова е подобро од било која сапуница“.
Еве како изгледаше тоа:
„Мојата сопруга Џени и јас сме во брак 8 години. Кога се запознавме имавме само 22 и двајцата дипломиравме. Беше супер досега, никогаш не сме се расправале за да се разделуваме не некое време или нешто слично. Еден на друг си дадовме лозинки од телефонот и е – поштата.
Џени утрово спиеше и мојот брат и прати порака. Сопругата на мојот брат Карла и Џени планирале да одат на излет надвор од градот, додека јас и брат ми заедно со неколку пријатели сакавме да гледаме фудбал.
Одлучив да одговорам нешто глупаво и смешно, па ја отворив претходната порака за да смислам добра фора. Другата порака по ред беше од некој тип кој се вика Зак. Не знаев кој е тоа, но последното што и го испратил беше срценце.
На мој ужас таму се наоѓаше експлицитна сексуална расправа за тоа што сака да и направи на Џени во кревет. Пронајдов неколку заеднички голи фотографии. Поголемиот дел беа испратени меѓу 1 и 4 наутро.
Сфатив дека жена ми ме изневерува.
Ми требаше некое време да разберам дека ова е крајот на нашиот брак. Сето среќно време што го минавме заедно, сите убави моменти, патувања, романтични вечери, сето тоа не и значело ништо. Го затворив телефонот и заминав во тоалетот да се освежам додека Џени спиеше.
Во соработка со „редиторите“ изнајмив приватен детектив. Како што очекував Џени се најде со Зак, но и Карла – жената на брат ми, се сретна со некој.
„ Стигнаа во хотел. Џени и еден странец влегоа внатре, а Карла е веќе таму. Странецот е веројатно личноста со која Карла ме изневерува. Тој изгледа како просечен човек, иако е прилично низок. Не разбирам како детективот успева да ги следи, а да не изгледа сомнително.
Џени зема клуч од соба и тројцата луѓе се упатија кон лифтот. Моментално не знаеме повеќе, не знаеме што се случува во собата. Истражувачот го интересира дали да чека пред хотелот или за денес е готово? Веројатно остатокот од денот ќе го поминат во хотелот и тука ќе спијат.
Во ред, значи сите во хотелот прават нешто, веројатно имаат сексуални односи. Помислата на мојата жена со друг човек ме тера на повраќање, но некако се носам со сето тоа. Нема начин мојот детектив да се качи на спратот од хотелот и да дознае што се случува. Ќе остане пред хотелот уште неколку часа.
Работите дополнително се искомплицирале кога измамениот сопруг одлучил да му каже на својот брат што се счува. Најпосле двајцата одлучиле да поразговараат со своите сопруги.
Разводот е неминовен.
„ Од она што ми го кажаа, Џени спие со мажот, а Карла не, иако имала намера. Не знам веќе во што да верувам. Џени ме прегрнуваше и плачеше, ми ја уништи маицата. И Карла плачеше, но не му пријде на својот сопруг.
Мојот брат имаше израз на олеснување, но и лутење. Некои 15 минути ја навредуваше. Јас бев бесен. Мислев дека имаме одличен брак.
Ја прашав колку долго трае ова и како се запознале таа и Зак, ми рече пред неколку недели. Бев скршен, но јасно ми е дека е тоа нешто што таа го сакала. Нормално, си поигра со моите чувства, но очигледно не е личност која се врзува со срце.
Сака да спие наоколу, и што се однесува до мене тоа е во ред. Но, тоа нема да се случува додека сме ние заедно, така што продолжувам со развод, според првобитниот план.