Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа: „Оставив 500 повредени, тоа беше ноќна мора“

Хирурзите ја напуштија последната градска болница во Газа, Ал Ахил, која беше во функција, откако завршија залихите анестезија.

Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита му рекол на својот тим дека дошло време да ја напуштат последната функционална болница во градот Газа.

„Тоа беше ноќна мора – да оставам 500 повредени знаејќи дека не остана ништо повеќе од тоа со што би можел да им помогнеш, е една од најтешките работи што морав да ги направам“, изјави Абу Сита, еден ден откако ја напушти болницата и дојде во кампот за бегалци Нусеират.

„Не сме веќе во можност да извршуваме операции во болницата Ахли. Болницата од сега е станица за прва помош. Стотици ранети сега се во болница без пристап до операција. Тие ќе умрат од раните“, напиша Сита на својата сметка на социјалната мрежа „Икс“.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Министерството за здравство на Газа соопшти дека од 16 ноември, само девет од 35-те болници во енклавата функционирале барем делумно. Болниците во Газа се преполни со пациенти, додека се борат со недостиг на залихи од почетокот на израелските напади што следеа по нападот на 7 октомври на палестинската милитантна група врз Израел.

МИА

- Реклама -