Хименез за тепачката со колумбиските навивачи: Нашите семејства беа во опасност

Фудбалерот на Уругвај, Хозе Хименез објасни зошто дошло до тепачка меѓу репрезентативците и навивачите на Колумбија по полуфиналниот натпревар на Копа Америка одигран ноќеска во Шарлот, САД.

– Навивачите од одреден сектор на Колумбија создадоа закана за сите наши семејства. Ова е катастрофа, нашите семејства беа во опасност. Моравме да одиме на трибините да ги земеме нашите најблиски со новороденчиња. Немаше ниту еден полицаец, тие си заминаа по половина час. На секој натпревар нашите семејства страдаат по вина на двајца или тројца кои пиеле без да знаат да пијат, кои се однесуваат непристојно, изјави Хименез, за „El Observador“.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата

Уругвајците ќе играат со Канаѓаните во мечот за 3. место кој ќе се одигра ден претходно.

- Реклама -