Хибридни животни

ЖивотниПонекогаш се случува да се спарат животни од различни животински видови и да се добијат хибридни животни. Сепак, природата функционира на прилично мистериозен начин. За некои од хибридите можеби веќе знаевте, но некои сигурно никогаш не би ви паднале на памет.

Понекогаш се случува да се спарат животни од различни животински видови и да се добијат хибридни животни. Сепак, природата функционира на прилично мистериозен начин. За некои од хибридите можеби веќе знаевте, но некои сигурно никогаш не би ви паднале на памет.

Зеброди

Животни

Како што ви навестува името, зеброидот е потомок на зебра и коњ или магаре. Веќе се познати повеќе комбинации (во зависност од родителите). Овие хибриди се меѓу најинтересните, со оглед на тоа што се работи за животни со различен број хромозомски парови. Така на пр. коњите имаат 64, а зебрите помеѓу  32 и 44 во зависност од видот. Но, природата нашла начин.


Савански мачки

Животни

Ова е мешавина од домашни мачки и која било од дивите африкански мачки со средна големина и големи уши. Саваната стана популарна мачка кон крајот на 20 век, а 2001 година беше запишана како нова раса. Овие мачки се далеку полојални од обичните домашни мачки и често се споредуваат со кучињата според таа карактеристика. Може да се дресираат да одат на ремче, па дури и да изведуваат трикови.


Лигар

Животни

Лигарите се мешавина од лав мажјак и тигрица. Оваа мачка е убедливо најголема на планетата. Тоа се должи на некои скриени гени кои се јавуваат само во оваа комбинација. Лигарите можат да пораснат до 3 метри и да достигнат тежина од 320 килограми.


Гроларна мечка

Животни

Мешавината од поларна мечка и гризли, или гроларна мечка, е животното кое најчесто се појавува во дивината од сите хибриди. Ова е ѕверот што најмалку би сакале да го сретнете, со оглед на карактеристиките што ги има наследено од родителите. Во иднина, се предвидува дека поларните мечки забрзано ќе се парат со гризли мечките, поради глобалното затоплување и исчезнувањето на нивната природна животна средина. А тогаш, којзнае…

Погледнете повеќе хибриди во статијата Топ 10 хибридни животни.

- Реклама -