Зошто луѓето сакаат такви беспоентални играчки како клик-клак или бројаници? Па, веројатно има нешто врска со тоа што репетитивните акции го смируваат умот и го намалуваат стресот. Арно ама, со клик-клак не можеш да се шеташ низ канцеларија без да те потепаат колегите, а бројаниците се забранети ако си помлад од 50+ (ќе ти се смеат).
Затоа, хенд-спинери. По YouTube има и туторијали како да ги направите за 1 долар. Овие и другите прости играчки како нив, имаат и реална примена. Еве еден пример: во ера на автомобили доволно напредни за да бидат досадни за возење и да те тераат на спиење, хенд-спинер може да те одржи буден.