Хартиен чамец во вистинска големина

calvin1ppСкоро сите ние во детските
денови учевме како да правиме бродчиња од весници и истите да ги
навигираме во најблиското езерце, а пак оние кои немаа желба да ги
пловат своите креации правеа молерски капи или авиончиња. Едно момче од
Канада решилo да си го оствари својот сон кога ќе порасне и еден ден да
заплови во својот хартиен чамец.


calvin1

Скоро сите ние во детските денови учевме како да правиме бродчиња од весници и истите да ги навигираме во најблиското езерце, а пак оние кои немаа желба да ги пловат своите креации правеа молерски капи или авиончиња. Едно момче од Канада решилo да си го оствари својот сон кога ќе порасне и еден ден да заплови во својот хартиен чамец.
 
boatinterior

Амбициите на Роб Муреј од Манитоба се насочени кон океанот. Тој го направил својот чамец од листовитe na локалниот весник и хартиена леплива паста која му користела и како изолација воедно.

Овој чамец нема да издржи повеќе од неколку часа во вода, но сепак е пример за оние кои сакаат да си ги остварат детските фантазии.

 
boat

- Реклама -