Ханиоти – рајот на Халкидики

Многумина сметаат дека Ханиоти е најдоброто туристичко место на полуостровот Халкидики. Тоа се должи пред сè на раскошната фауна во околината, прекрасната архитектура, фантастично организираниот ноќен живот и одличната плажа…

Hanioti-Grand-Otel-4-Elite-Travel13

Ханиоти се наоѓа приближно на средината од источната страна на полуостровот Касандра. Од таму има прекрасен поглед на Егејското Море и западната страна на вториот крак, Ситонија. Ова село се вбројува меѓу најмирните во цела Грција, со многу тивки места, паркови погодни за одмор, убаво средени плоштади и високи борови дрвја.

hanioti

Организацијата на плажата во Ханиоти е речиси беспрекорна, а таа се одликува со ситен песок, кристално бистра вода, високи дрвја под кои има длабока сенка и повеќе спортски комплекси.

hanioti-village

Во оваа населба на приближно еден час возење од Солун секој турист го пречекува живописната архитектура на градбите, заедно со огромниот број ресторани од најразличен вид (и за сечиј вкус), барови, традиционални таверни и ноќни клубови во кои се нуди забава до раните утрински часови.

hanioti1

Се чини дека времето во Ханиоти поминува побрзо, без разлика дали се релаксирате на плажата, се шетате по продавници или пак уживате во мирот во некој од парковите. Ова место им го препорачуваме на сите оние што сакаат да извлечат максимум од својот одмор и да заборават на сите грижи…

Plaza_hanioti2

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -