Хан ја поздрави посветеноста на Мицкоски да не го попречува процесот во Собранието

Еврокомесарот за проширување – Јоханес Хан, преку својот Твитер профил денес информираше дека имал корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

Хан информира дека кристално-јасно порачал дека ратификацијата на Преспанскиот договор мора да се финализира сега и брзо, без никакви пречки.

„Ја поздравувам неговата посветеност (се мисли на Мицкоски) да не го попречува процесот во Собранието. На ЕУ интеграцијата ѝ е потребна лојална опозиција“, истакнува Хан.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа
- Реклама -