Хамилтон на зелена маса стана победник на трката за ГН на Белгија, бидејќи Расел е дисквалификуван


Луис Хамилтон на зелена маса стигна до победа во Спа на трката за ГН на Белгија откако ФИА го дисквалификуваше Џорџ Расел.

Веднаш по крајот на трката пристигна информација дека е отворена истрага откако болидот на Џорџ Расел не ги поминал редовните тестови, односно „паднал“ на мерењата за тежина.

Правилата налагаат болидите да тежат најмалку 798 килограми, а болидот на Џорџ Расел тежел 796,5 килограми, па насоките се јасни, следува дисквалификација.

Ова сигурно ќе боли откако Џорџ Расел хероски издржа со еден пит стоп и во последните пет кругови лавовски се бореше да одолее на налетите на Луис Хамилтон.

- Реклама -