Хамас ги повика муслиманските земји да го „поддржат со оружје“

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, ги повика денеска муслиманските земји да го „поддржат“ неговото палестинско исламистичко движење во војната против Израел во Појасот Газа, снабдувајќи го со оружје, пренесуваат француските медиуми.

-Улогата на муслиманската нација… е клучна и дојде време да се поддржи отпорот со оружје бидејќи ова е битка за џамијата Ал Акса, а не само битката на палестинскиот народ, рече Ханија во говорот во Доха и чиј текст им беше даден на медиумите во Појасот Газа.

Француските медиуми пренесуваат дека џамијата Ал-Акса во Ерусалим е трето најсвето место во исламот.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -