Хамад: „Хамас не се плаши од распоредување израелски сили во Газа, ние сме силен народ“

Членот на политичкото биро на Хамас, Гази Хамад, денеска изјави дека палестинската милитантна група е подготвена за какво било потенцијално распоредување на израелски војници во Газа.

„Не се плашиме. Ние сме силен народ. Решени сме да продолжиме. Имаме многу борци и има многу луѓе кои сакаат да не поддржат“, изјави Хамад за Ал Џезира.

Тој додаде дека „дури и луѓето на границите на Јордан, Либан и насекаде, сакаат да дојдат овде и да се борат за нас“.

-Од почетокот на оваа операција, испративме 1.200 борци кои успеаја да го уништат имиџот на Израел, безбедноста на Израел, израелските разузнавачки служби и сликата дека Израел е суперсила, рече Хамад.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ

МИА

- Реклама -