Хакиран сајтот на весникот „Илинден” на македонското друштво во Албанија

Хакиран е сајтот на македонскиот весник „Илинден”, кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија.

– Почитувани читатели на македонски весник “Илинден”,  во моментот нашиот сајт е хакиран. Се надеваме дека за брзо време ќе биде вратен. Се истражува кој го  нападнал, објави на фејсбук Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.

Тој не сакаше да шпекулира кој би можел да го стори хакерскиот напад.

Весникот „Илинден” е единствен весник на македонски јазик, а е достапен и во печатена форма и електронски. Во изминатите над 13 години отпечатени се најмалку 60 броеви на весникот.

Прочитајте и:  Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
- Реклама -