Барселона даде два гола, Валенсија еден, а натпреварот заврши нерешено со 1-1.
Веројатно судиите беа единствените на стадионот што не видоа дека тоа во 29-тата минута по шутот на Меси беше чист гол; одбиената топка од голманот на Валенсија јасно како ден му пројде меѓу нозете и тапна зад гол линијата. Меси и уште неколку соиграчи дури и истрчаа до трибините прославувајќи го голот, несвесни дека судиите „го поништија“ и дека Валенсија беше тргната во контра што малку фалеше да заврши со гол.
Ако ништо друго, непризнаениот гол на Меси придонесе за возбудлив натпревар. Погледнете ги најинтересните моменти.