Гвардиола: Меси е најдобар фудбалер на сите времиња

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го смета напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси за најдобар фудбалер во историјата.

– Меси покажува доследност на секои три дена веќе 15 години. Морав да го гледам секој ден. Тој е уникатен, изјави Гвардиола за „Che Tempo Che Fa“.

Гвардиола беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година. Заедно трипати станаа шампиони на Шпанија, двапати го освоија националниот Куп и Лигата на шампионите.

Оваа сезона Меси одигра 18 натпревари за Интер Мајами, постигнувајќи 17 голови и 10 асистенции.

Триесет и седумгодишниот Аргентинец е осумкратен освојувач на Златна топка. Шеснаесет пати беше признат за најдобар фудбалер на годината во Аргентина, а четири пати најдобар спортист на годината во земјата.

Прочитајте и:  Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер
- Реклама -