Гукна и Зибери: Се преговара како ќе ротира премиерот, најважно е никој да не се чувствува како губитник или како победник

Насер Зибери, кандидатот за премиер на ДУИ кој во моментов продолжува да работи како правник, во изјава за „ТВ21“ потврдува дека не е директно вклучен во преговорите, но вели дека е информиран за нивниот тек.

Според него, во моментов копјата меѓу Ахмети и Заев се кршат околу премиерската позиција, поконкретно „моделот по кој ќе биде поделена“, односно по кој ќе ротира новиот премиер – дали 2 со 2 години, 1 со 3 или 3 со 1 година.

„Според информациите што ги имам, прашање на модел е, за кое партиите имаат различни гледишта и не е тајна дека тука станува збор за тоа кој прв ќе биде номиниран за формирање влада. За таа позиција, партиите изнесуваат аргументи зошто овој или тој треба да биде мандатар, итн..“, вели Зибери за „ТВ21“.

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 

Зибери истакнува дека највано е да се постигне договори исход со кој никој нема да се чувствува предаден или како губитник, но и никој нема да се чувствува како победник, а со цел да се зачуваат линиите на соработка. Тоа ќе се постигне доколку се почитуваат интересите на двете страни и, пред сѐ, интересите на граѓаните, вели Зибери. Повеќе ТУКА.

Во меѓувреме, извор од ДУИ за „Сител“ потврди дека сѐ уште не е постигнат договор со СДСМ, и покрај тоа што денеска од Кабинетот на Претседателот соопштија дека Пендаровски утре ќе му го додели мандатот за формирање Влада на Заев.

 

- Реклама -