Ginis потврди дека GTA V досега држи 7 рекорди од кои 6 се за продажба. За играта има и уште еден пач, кој треба да го среди „онлајн хаосот“.
Ginis потврди дека GTA V досега држи 7 рекорди од кои 6 се за продажба.
GTA V се продаде во 11.21 милиони единици само во првиот ден и за само три дена оствари продажба во вредност поголема од една милијарда долари. Со ова играта успеа да ги сруши рекордите кои ги држеа Call of Duty и холивудските блокбастери „The Avengers“ и „Avatar“.
Главниот едитор на Гинисовата Книга на Рекорди изјави- „ GTA тотално заслужува да биде препознаена како икона на модерната Британска култура и сме возбудени од можноста да ја вклучиме играта во книгата на рекорди. Гејмингот веќе не е за потценување, тоа го докажа GTA, а како е возбудливо што се „спротивстави“ на моќта на Холивуд и успеа да победи!“
GTA V во моментов ги има следниве Гинисови рекорди:
1. Најдобро продавана видео игра со жанр акциона-авантура во првите 24 часа
2. Најдобро продавана видео игра во првите 24 часа
3. Најбрз ентертејмент производ до продажба во вредност од 1 милијарда долари
4. Најбрза видео игра до продажба во вредност од 1 милијарда долари
5. Видео игра со најголема заработувачка во првите 24 часа
6. Најгледан трејлер за видео игра со жанр акциона-авантура
На ова може да се додаде и импресивното постигнување со кое GTA V стана најпродаваната игра дигитално на PlayStation 3 на сите времиња само за три недели и ја помина The Last of Us.
Дека GTA ќе ги држи овие рекорди беше јасно од поодамна, она што ги интересира гејмерите е кога ќе бидат средени огромниот број на проблеми со GTA Online. Вчера е пуштен нов пач 1.03, за кој Rokstar се уште не објавуваат белешки да може да се види што е поправено. Првите реакции од гејмерите се дека пачот става крај на фармањето експириенс и пари од повторување на исти мисии.
Текстот е објавен во соработка со МкКод