Група дронови забележена во воздушниот простор на Романија како се движат кон Украина

Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија (ИГСУ) денеска соопшти дека група дронови е забележана во романскиот воздушен простор како се движи кон цели во Украина.

Предупредувачка порака RO-ALERT е испратена до жителите на округот Тулче, каде околу два часот по полноќ била забележана група дронови, пренесуваат локалните медиуми.

– Подрачјата кои Русија има намера да ги нападне се наоѓаат на територијата на Украина, но на мала оддалеченост од границата со Романија, така што постои можност одредени предмети, по одговор на украинската армија на напад, да паднат врз романска територија. Уште еднаш ги информираме луѓето во северниот округ Тулче, но и туристите, дека цели или области на територијата на Романија не биле мета, соопшти ИГСУ.

Прочитајте и:  Британски министер: Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа

ИГСУ во порака до населението апелира на смиреност, а во случај да почнат да паѓаат предмети од воздушниот простор, на локалното население им се советува да се заштитат и да одат во засолништа.

- Реклама -