Груби: Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, нема партија… само нација!

Поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, вечерва ги пофали албанските интелектуалци за писмото кое го испратија до Уставниот суд, во кое предупредуваат да не се „укинува“ Законот за јазици и да се внимава со одлуките за да не се наруши меѓуетничката кохезија во државата.

„Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции да се поништат сите национални достигнувања во однос на еднаквоста во Северна Македонија“, напиша Груби на Фејсбук.

Тој вели дека истата загриженост, изразена во писмото, ја споделуваат и студентите, учениците, граѓаните и сите Албанци, без исклучок.

„Политичките аматерски акробации, има закон – нема закон, ваков суд – таков суд, не доведоа до оваа етапа, која своето потекло го има во непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите на 8 мај од страна на мандатарот и безусловното прифаќање на улогата на потчинет од страна на губитниците во изборите“, пишува Груби.

Прочитајте и:  Членови на раководството на ДУИ и активности пред Уставен суд каде се расправа за Законот за јазиците

„Ние и вие зборуваме албански јазик! Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, нема партија, само нација!“, завршува Груби во својата порака до сограѓаните Албанци.

- Реклама -