Грција бара, Германија не дава 290 милијарди евра отштета за Втора светска војна

Вчера грчкиот парламент со убедливо мнозинство изгласа Грција да ги направи сите неопходни дипломатски чекори за да побара од Германија да ѝ исплати репарации за воените злоcтopcтва и воените штети претрпени за време на Втората светска војна. Грчката експертска комисија, формирана од парламентот пред три години, истите ги проценува на повеќе од 289 милијарди евра.

Под oкyпација на Германија, почнувајќи од април 1941 до почетокот на октомври 1944 (Крит и уште неколку егејски острови биле под контрола на Германија сè до мај и јуни 1945 година), целосно срамнети со земја биле околу илјада грчки села и yбиeни околу 300.000 грчки државјани. Згора на тоа, германскиот oкyпaтоp од грчката централна банка земал принудни заеми без камата, кои до крајот на војната достигнале износ од 476 милиони рајхмарки (еквивалент на 2 милијарди евра во 2009 година).

Прочитајте и:  Германската полиција се подготвува за немири на 7 октомври

За Германија, меѓутоа, прашањето е затворено. Германската влада ги признава и е свесна за „големата вина и големите страдања” и својата „историска одговорност“ за време на oкyпацијата на Грција, но смета дека прашањето за репарации е и „легално и политички“ решено, особено што во 1960 година тогаш Западна Германија ѝ исплати репарации на Грцијаво износ од 115 милиони германски марки.

 

 

- Реклама -