Грешки при патувањето што може да ве чинат многу пари

Пред секое патување се подготвуваме долго и внимателно, а сепак се случува да заборавиме нешто. Но, некои грешки се многу поскапи од други, па затоа денес ќе ги погледнеме грешките при патување кои може да ве чинат многу пари.

Телефонски сметки

Користењето на телефонот во роаминг може да биде многу скапо, доколку не го користите вистинскиот оператор во земјата во којашто патувате или ако вклучите мобилен интернет без соодветна претплата. Пред да тргнете, контактирајте со вашиот оператор, проверете кој е нивен партнер во земјате во која патувате; прашајте дали имааат специјална промоција за роаминг со пониски тарифи и ако не можете без интернет, купете некој од пакетите кои се нудат; сѐ со цел да ги избегнете астрономските сметки.

Contact - beach phone b&w

Изгубен пасош

Нема ништо полошо од тоа да го минете одморот во барање конзулати, пополнување формулари и обиди да го замените изгубениот пасош. Но, за жал, тоа може секому да му се случи. За да ја забрзате процедурата значително, пред тргнување, направете две копии од пасошот. Едната оставете ја кај семејството или кај пријател, а другата ставете ја во куферот. Доколку се случи да го изгубите пасошот, тој лист ќе им помогне на луѓето од конзулатот побрзо да го поништат стариот пасош и да ви издадат нов.

What-Happens-if-I-Lost-my-Passport-While-in-the-US

Патување без патничко осигурување

Кога купувате патничко осигурување, макар и да се работи за основната полиса, вам ви се покриваат основните медицински трошоци во земјата каде што одите. Разбирливо е што не сакате да планирате лоши сценарија кога тргнувате на одмор, но размислете што ќе се случи и при најмала повреда доколку немате никакво осигурување и колку ќе треба да платите за лекувањето.

Кредитни картички

Доколку не ја известите својата банка дека патувате во странство и тие забележат поголема трансакција од вашата кредитна картичка во странска држава, можно е да се случи да ви ја блокираат сметката (под сомнение дека се работи за измама), додека вие не ја потврдите трансакцијата. Затоа, пред тргнување, известете ги каде ќе ја користите својата картичка.

securedcreditcard

Одмор без резервација

Многумина сметаат дека туристичките места изобилуваат со сместувачки капацитети и дека ако отидат таму, сигурно ќе најдат нешто поевтино отколку во туристичка агенција. Но, во текот на туристичката сезона, може многу лесно да се случи сите капацитети да бидат пополнети и да мора да отидете во скап хотел и да земете луксузна соба или дури и апартман. Згора на тоа, резервирањето преку агенција ви дава одредена гаранција за услугата која ја плаќате, за разлика од самостојното барање сместување, кое може да биде вистински кошмар.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -