Грчко МНР: Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам и целосно непознавање на историјата

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на Северна Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

– Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на Северна Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Прочитајте и:  Мицотакис го информирал Европскиот Совет за „директното прекршување на Договорот од Преспа од претседателката и премиерот на Северна Македонија“
- Реклама -