Некаде во некоја црква таму некаде кај нашиот јужен сосед, на велигденската литургија попот влета со тротинет. Зад него трчаат останатите свештени лица, и носат икона на Исус и тропаат на тенџериња…
Колку и да изгледа смешно и несериозно, претпоставуваме дека ова е начин да се демонстрира колку (треба да) е огромна радоста кај христијаните по најрадосната вест во христијанството – воскреснувањето на Исус Христос. Или тоа, или поповиве си имаат растворено нешто во водата.