Во една нова студија се покажа дека долготрајната изложеност на бучава предизвикана од сообраќајот го зголемува ризикот од мозочен удар за 9%.
Најранливи се постарите луѓе, како што пишуваат истражувачите од Империал колеџ во Лондон. Во студијата потсетуваат и дека веќе е воочена и врската меѓу изложеноста на бука и превисокиот крвен притисок.
Патем, бучавата е и ризик-фактор при потешкотиите со сонот, но и стресот, состојби кои исто како и хипертензијата (високиот крвен притисок) ја зголемуваат опасноста од мозочен удар.
Во контекст на ова, во студијата се покажа и дека лицата кои се секојдневно изложени на бучава погласна од 60 децибели, имаат во просек 4% поголем ризик за смрт во однос на лицата кои редовно трпат бучава со гласност под 55 децибели.
Податоците од истражувањето се однесуваат на 8.6 милиони жители на Лондон, анализирани од 2003-тата до 2010-тата година.