Градската бучава ни ги оштетуваше нервите и пред 50 години

noise

Константната бучава што го бомбардира модерниот урбан човек станува сé поголем непријател на неговата психолошка и физичка добросостојба. Малите автомобили со големи мотори, големите камиони, сирените, градежничките проекти, а дури и авионите – наплаќаат висока цена во оштетени нерви, замор и лош слух.

Ова погоре е всушност цитат, напишан во Science News на 15 октомври уште во 1966-тата година. Уште тогаш последиците од градската бучава беа сериозни. Но, во меѓувреме како никој да не покажа слух за проблемот, а нивото на бучава е значително зголемено.

Во 1966-та, Science News извести дека „прифатливо“ ниво на бучава во ресторан, на пример, е околу 55 децибели – интензитет на опуштен разговор. Според една студија од 2014-та, денешните естаблишменти рутински ги бомбардираат гостите и персоналот со бучава од 68 до 82 децибели.

Какофонијата од звуци од тротоарите, од метроата и железничките и автобуските станици, а и малите слушалки во ушите, земаат свои жртви. Според National Health Interview Survey, во 2014-та 17 проценти од возрасните лица во САД се жалеле на проблеми со слухот. Од нив, дури 25 проценти т.е. една четвртина биле последица на долготрајна изложеност на бучава.

Здраворазумска мерка за заштита: Ако другите можат да ја слушнат музиката што ти свири во слушалките, намали го гласот.

- Реклама -