Избрани 11 руски стадиони за Светското првенство во фудбал 2018

Вкупно 11 стадиони во Русија и официјално се определени од страна на ФИФА како домови кои ќе бидат домаќини на натпреварите од Светското првенство во 2018 година.

ФИФА конечно даде зелено светло за 11 стадиони во десет руски града. Единствено шампионатот ќе се игра на два стадиони во Москва, и тоа на националниот стадион „Лужники“ чиј капацитет е нешто помалку од 90.000 седишта, како на стадионот на Спартак Москва.

„Одбрани се градовите, и покрај тоа што имаше поширока желба за домаќинство на шампионатот, кои целосно ги исполнуваат инфраструктурните услови“ информираа од ФИФА.

Од останатите градови, првенството ќе се игра на стадионите во Сочи, Екатеринбург, Казањ, Нижни Новгород, Санкт Петербург, Ростов, Самара, Калининград, Волгоград и Саранск. Од првично понудениот список, ФИФА ги отфрлила стадионите во Краснодар и во Јарослав.

Прочитајте и:  Студија: И покрај вооружувањето на Русија, НАТО сè уште има значителна воена надмоќ
- Реклама -