Градот што помина 25 години под вода

20121113-134220

Ова е Виља Епекуен (Villa Epecuen) – стар туристички град јужно од Буенос Аирес, град кој помина четврт век под вода. Изграден во 1920-тите на брегот на солено езеро, градот беше дом на над 5000 жители, но и празнична и викенд дестинација за илјадници други посетители од главниот град на Аргентина.

20121113-134235

Во 1985-тата пукна брана, а градот беше „закопан“ во 10 метри длабока солена вода, со што практично стана Атлантида на модерното време. На самиот почеток луѓето се повлекуваа на своите покриви, надевајќи се дека водата ќе се повлече. Тоа не се случи, а градот потона за само два дена.

Screen-shot-2012-11-13-at-2.48.42-PM

Водата почна да се повлекува дури во 2009-тата. Очекувано, на виделина излезе нешто што многу наликува на апокалиптичен свет.

epecuen

Screen-shot-2012-11-13-at-2.45.49-PM20121113-134248Дрва распоредени на еднакво растојание сугерираат дека таму некогаш постоеле улици, ‘рѓосаните рамки од креветите штрчат од бетонските рушевини, а сообраќајните знаци покажуваат кон места што веќе не постојат.

20121113-134300 20121113-134255

За чудо, постои еден жител што не го напушти родниот град кога водата го проголта во 1985-тата. Живее во камена колиба со фрижидер и обичен шпорет. Дома си е дома. Ваљда.

20121113-134334

20121113-134312 epecuenstairs

- Реклама -