Сите оние кои често патуваат и посетуваат разни земји знаат дека голем ќеиф им прави на домаќините кога ќе проговорите барем зборче или фраза на нивниот јазик. Но тоа не е секогаш така едноставно, особено не кога се работи за имињата на конкретни градови или дестинации во земјата која ја посетувате. Некогаш едноставно нема ни теоретски шанси да го погодите изговорот, колку и да се трудите или да го познавате јазикот.
Така, според истражувањето на аегнцијата за крстарења Bolsover Cruise Club, словенечкиот град Птуј (Ptuj) е најтешкиот град за изговор во светот. Дури 92% од испитаниците не успеале правилно да го изговорат името на овој град.
Анкетираните туристи мака мачеле и со градови како португалскиот Гимараеш (Guimarães), или мексиканскиот Оаксака (Oaxaca). Гимараеш не можеле правилно да го изговорат дури 88% од испитаниците, а со Оаксака проблем имале 76% од нив.
Во истражувањето биле опфатени и разни туристички дестинации, локални особености, па и локални специјалитети и јадења. Меѓу сите овие особено боде очи примерот со вулканот Eyjafjallajökull во Исланд. Дури 98% од неисланѓаните кршат јазик неможејќи да го изговорат името на вулканот.
„Но со име како Ејафјалајокул, зарем може некој да ги обвини?“, се шегува директорот на агенцијата Мајкл Вилсон.