Градник кој се соблекува со плескање на рацете

Едвај чекавте после напорниот ден да дојдете дома и да го соблечете градникот, но некогаш сте преуморни дури и за да го направите тоа? Овој нов градник паѓа самиот кога ќе плеснете со рацете.

Иако градите изгледаат поубаво со соодветен градник, сепак, сите знаеме колку тие можат да бидат неудобни. Затоа, се поголем број на жени се опуштаат со соблекување на градникот ведаш после доаѓањето дома.

r-BRA-TRICK-large570

Градникот кој го дизајнираше Ренди Сарафан со помош на посебни сензори самиот паѓа кога ќе плеснете со рацете, што значи дека не мора да се мачите со заморното откопчување.

Инспирацијата за овој модерен градник кој е добар во ситуациите кога работите повеќе работи истовремено, дизајнерот ја пронашол во различни електронски градници.

Сепак, доколку не сакате непријатни ситуации, препорачливо е да не се носи на концерти или на други настани каде луѓето аплаудираат.

- Реклама -