Со градник или без? Што е поздраво?

Дебатата се води со години наназад, а иако многу се зборува за влијанието на градниците врз здравјето, но и естетиката на градите, доволно сериозни истражувања за прецизен одговор сé уште нема.

Сепак, тоа не значи дека нема баш никакви истражувања и дека нема експерти со солидни аргументи. Да видиме што велат тие.

Патрисија Герахти, специјалист за женско здравје, за индиски Times (Times of India) вели дека не постои ниту еден доказ дека неносењето на градник може да му наштети на здравјето.

Паралелно, 15-годишната студија предводена од Џин-Денис Руилон, покажува дека од градникот баш и нема некаква посебно добра полза. Напротив. Според него, градниците можат само да наштетат.

Што се случува кога не носите градник? 

Во истата таа студија, се покажало дека 300 од жените на возраст меѓу 18 и 35 години кои НЕ носеле градник, развиле мускулно ткиво кое природно ги поддржува градите.

Значи ли тоа дека треба да престанете да носите градник?

Ако тргнавте веднаш да го фрлите некаде во неповрат, ќе мораме да ве разочараме. Џин-Денис предупредува дека ако сте го носеле со децении наназад, така треба и да продолжите, бидејќи нема да постигнете никаква корист ако престанете да го носите.

Дали градите се опуштаат ако не носите градник?

 

Според Патрисија, ама и многу други експерти кои го делат нејзиното мислење, “опаѓањето“ на градите обично зависи од тоа колку бремености имала жената, а не од тоа дали носела или не носела градник.

- Реклама -