Градина за вашата кујна

Нема ништо подобро од готвење со свежи зачини и плодови, но ако живеете во стан најверојатно нема простор за сопствена градина. Но ако имате доволно простор за оваа креација на Питер Були тогаш и вие можете да имате мала градина.

Во внатрешноста на ова прекрасно јаворово шкафче е сместен градинарски систем достапен преку фиоката од кедрово дрво. Бидејќи во внатрешноста на оваа градина нема сончева светлина две LED и две CFL светилки обезбедуваат доволно светлина за растенијата.

- Реклама -